Опис
- 1. Што претставува ACNE OUT/АКНЕ АУТ и за што се употребува
- Што мора да знаете ,пред да го користите ACNE OUT/АКНЕ АУТ
- Како да се земе/употребите ACNE OUT/АКНЕ АУТ
- 4. Можни несакани дејства(рекации)
- Како да го чувате ACNE OUT/АКНЕ АУТ и рок на употреба.
- Дополнителни податоци за граничен производ
- 1. Што претставува ACNE OUT/АКНЕ АУТ и за што се употребува
ACNE OUT/АКНЕ АУТ капсулите се комбинација од пивски квасец , витамини и минерли кои се неопходни за здрава, чиста и свежа кожа . Состојките од ACNE OUT/АКНЕ АУТ можат да допринесат за зголемување на отпорноста на организмот спрема болести, за развој и нормално функционирање на организмот, бидејки непосредно учествуваат во голем број биохемиски процеси.
ПИВСКИОТ КВАСЕЦ е природен извор на витамини од групата Б, есенцијални аминокиселини, минерали и микроелементи кои ја прават кожата мазна и еластична и помагаат за природна убавина. Посебно погоден при сите форми на акни. Покажува благопријатно дејство и врз кожата и ноктите.
ВИТАМИН А ја контролира цврстината на епителот, еластичноста и обновливите процеси на кожата. Ја стимулира активноста на протеините кератин и колаген.
ВИТАМИН Е е силен антиоксидант кои исто така ја помага микроциркулацијата во ткивата и го подобрува нивното хранење.
ВИТАМИН Д3 го помага генерирањето на нови клетки и допринесува за нормален хормонален баланс на целиот организам.
ACNE OUT/АКНЕ АУТ капсулите се препорачуваат:
– за масна кожа склона кон стварање на акни
– за здрава и сјајна кожа
– го здрави нокти и коса
– за подобар имунитет
- Што треба да знаете ,пред да го користите ACNE OUT/АКНЕ АУТ
Немојте да го земате/употребувате ACNE OUT/АКНЕ АУТ:
ACNE OUT/АКНЕ АУТ капсулите не смеат да ги користат лица пречувствителни на било која состојка на производот.
Бременост и доење:
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да го земете производот. Ако сте бремени, планирате бременост или доите , пред да почнете да го земате граничниот производ посоветувајте се со својот лекар или фармацевт.
Влијание врз психофизичките способности:
Примената на ACNE OUT/АКНЕ АУТ не влијае на способноста заракување со моторни возила и машини.
Земање /употреба на други медицински производи:
Ве молиме да го информирате вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.
- Како да се употребуваат ACNE OUT/АКНЕ АУТ капсулите
ACNE OUT/АКНЕ АУТ капсулите се земаат еднаш дневно со чаша вода.
Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.
- 4. Можни несакани дејства(рекации)
Ако приметите било какви несакани дејстав, Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.
- Како да го чувате ACNE OUT/АКНЕ АУТ и рок на употреба.
Да се чува на темепература до 25 степени С, на места недостапни за деца.
Рок на употреба
Не смее да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба што е наведен на пакувањето.
- Дополнителни податоци за граничен производ
Состав на граничен шроизвод
Состав | Во 1 капс. | % ПДД | |
ПИВСКИ КВАСЕЦ | 150 mg | – | |
МАГНЕЗИУМ
(магнезиум оксид) |
100 mg |
26 |
|
ВИТАМИН Е
(D-алфа -токоферол) |
20 mg a-TE |
166 |
|
ЦИНК (цинк глуконат) | 8 mg | 80 | |
ВИТАМИН А (бета каротен) | 400 mg RE | 50 | |
СЕЛЕН ( натриум селенит) | 100 mg | 181 | |
ВИТАМИН Д (холекалциферол) | 5 mg | 100 |
- ПДП- препорачана дневна доза
Исполнувач: микрокристална целулоза; антислепувачки агент: силициум диоксид; капсула(желирачки агент-желатин, боја- железо оксид)
Изглед на граничен производ и пакување:
Капсули со црвена боја. Картонска кутија со упатство и 3 блистера со по 10 капсули
Носител на одобрение за ставање на граничен производ во промет:
Киберг Дооел увоз-извоз, ул Лазо Осмаков бр 9, Велес, тел 043-223-520, email kiberg@kiberg.mk
Производител:
БИОТРЕЈД БУГАРИЈА ООД,Софија 1797, ул Вартоно, 24,Бугарија
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи:
12-5026/2 од 21.06.2023
Коментари
Се уште нема коментари.