Giaval ovuli – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-16.00 Понеделник - Петок

Giaval ovuli

Категорија: Product ID: 4740

Опис

ГИАВАЛ  ВАГИНАЛЕТИ

 

Терапевска  категорија

Медицинско помагало за вагинална апликација

Фармацевтска форма : Вагиналети

10 вагиналети по 2,7 гр

Медицинско помагало, не е лек

 

Состав:

Вагиналетата соджи: Натриумова сол на хијалуронска киселина, Епигалокатехин-3 галат, тинктура од листови и цветови од Thymus Vulgaris, тинктура од листови од Hamamelis virginana, гликолиден  екстракт од  листови од невен, масло од див морков, перуански балзам, хексилрезорцинол, полусинтетски глицериди, талк ,диетилен гликол моноетил етер, колоиден силициумов диоксид.

Индикации :

Адјуванс во третман на акутен и хроничен вулвовагинитис, цервицитис, цервикална ерозија од различна етиологија, обична или инфективна, леукореа, вулвуларно чешање и вагинална сувост.

Хијалуронската киселина која се наога во овој производ има заштитна улога, формирајки состојба во полза на заздравувачкиот процес, ре-епителизацијата и обновата на вагиналното физиолошко рН, со што се спротивставува на пролиферацијата на патогените микроорганизми.

Очекувани клинички ефекти:

Очекуваните клинички бенефити се забележуваат со исчезнување или намалување на знаците и симптомите на вагинитисот на крај на третманот .

Идентификационите знаци на патологии се следните:

  • Субјективни симптоми(жарење, болка, чешање, вагинална сувост, диспареунија(болка во текот на сексуален однос) и екстерна дизурија (болка при мокрење).
  • Објективни симптоми( леукореа, вулвална еритема, вулвален едем и присуство на абразија/ерозија)

Намалувањето или исчезнувањето на оваа симптоматологија е индикација за ефикасност на производот.

Kарактеристики на  медицинските помагала

Медицинското помагало, доколку се користи како што е пропишано во упатсвото на пакувањето , ја постигнува својата намената. Ако производот се користи исправно, хијалуронската киселина која се наога во него, формира филм и допринесува за ре-епителизација и го овозможува нормалниот процес на заздравување.

Како се користи ГИАВАЛ

Користете ги  вагиналетите навечер во период од 10-15 дена, најдобро по завршување на менструалниот циклус. После внимателно исчистени раце и интимен дел, следете ги инструкциите, навечер пред да легнете.

  1. Измијте ги рацете и интимниот дел
  2. Извадете ја вагиналетата од блистерот
  3. одделете ги двата раба на блистерот
  4. Извадете ја вагиналетата од блистерот
  5. Вметнете ја длабоко во вагината во удобна положба за нејзино стававање.

 

Контраиндикации

Индивидуална хиперсензитивност на корисникот или сексуланиот партнер од состојките во производот.

Да не се користи при бременост и доење.

Долга употреба треба да се избегнува. Да не се пречекорува препорачаната доза.

Да не се користи пред сексуален одност, бидејки не е тестирана компатибилноста со употреба на кондоми. Да не се користи кај пациенти помлади од 18 години.

Да не се користи кај деца.

Да не се користи истовремено со други локални терапии или терапија со други медицински помагала бидејки нема докази за таква примена.

Контраиндикации, несакани ефекти и ризик поврзан од предозирање не е познат. Да не се користи производот поинаку освен како што е пропишано во упатството. Ако настанат  некои несакани ефекти како резултат на несоодветно користење запрете со употреба на медицинското помагало и побарајте медицинска помош.

Предупредување:

Овој производ се користи исклучиво вагинално. Да се користи според инструкциите  наведени во упатството.

Да не се голта.

Ако се проголта , побарајте веднаш  медицинска помош .

Чувајте го подалеку од вид и дофат на деца.

Да не се користи производот после истекот на рокот наведен на пакувањето.

Да не се користи производот ако е оштето внатрешното пакување.

Производот содржи малсо од морков како боја; тој е природна боја и  од серија до серија бојата може да има слаба варијација.

Чување и отстранување

Чувајте го производот подалеку од извори на топлина на температура под 25 С . После употреба не ја фрлајте  опаковката во околината.

Блистер:PVC+polycoated PE. COD ‘ Other 7’  Пластичен отпад

Илустративен : Card COD ‘PAP22’, хартиен отпад

Кутија : Картон COD ‘PAP21’, хартиен отпад

Проверете ги условите за управување со отпад во вашата општина.

Несакани ефекти

Непознати. Во случај на иритација или несакани реакции, запрете со употребата и консултирајте се со вашиот лекар.

 

Несакани дејства

Непознати, ако се користи според инструкциите наведени во упатсвото.

Секоја употреба надвор од нормалната употреба дадена во упатсвото треба да се избегнува.

Секоја несакана реакција или сериозен инцидент мора да се пријави на Производителот и до МАЛМЕД.

Пакување:

10 вагиналети по 2,7 грама.

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “Giaval ovuli”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.