ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-18.00 Понеделник - Петок

ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg

Категорија: Product ID: 3872

Опис

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТОТ 

Пред употреба на лекот внимателно прочитај го упатството 

Чувајте го упатството. Можеби ке треба да го прочитате повторно. Ако имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот доктор или  фармацевт. 

Овој лек Ви е препишан Вам лично и не треба да им го давате на други лица,  бидејки може да им наштети дури и ако нивните симптоми се исти како  Вашите.

Содржина на ова упатство 

  1. Што е ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg и за што се употребува? 
  2. Што треба да знаете пред да започнете со употреба на ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg. 3. Како се употребува ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg. 
  3. Можни несакани дејства. 
  4. Чување на ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg. 
  5. Дополнителни информации. 

VINPOCETINE COVEX 5 mg / ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg 

таблети 

Vinpocetine 

Секоја таблета содржи активна супстанца -винпоцетин (vinpocetine) – 5 mg. Помошни супстанци: Секоја таблета содржи 66,55 mg лактоза, делумно заменета  хидроксипропилцелулоза (LH-21) 16,00 mg, Магнезиум стеарат 0,75 mg, Талк 1,70 mg. Таблетите Винпоцетин Ковекс 5 mg се бели, округли со линија за делење од едната страна  и лого Ковекс на другата страна. 

Таблетите се спакувани во блистер со ПВЦ/алуминиска фолија со 25 таблети. Едно  пакување содржи два блистера -50 таблети и упатство за пациентот. 

НАЗИВ, СЕДИШТЕ И АДРЕСА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ: 

KERN PHARMA S.L., C/VENUS, 72, Poligono Industrial Colon II, 08228 Terrassa, (Barcelona),  Шпанија. 

НАЗИВ , СЕДИШТЕ И АДРЕСА НА НОСИТЕЛОТ НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА  ПРОМЕТ: 

КИБЕРГ Доoел увоз-извоз; ул ” Лазо Осмаков ” бр 9; Велес, тел 043-223-520. 1. ШТО Е ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА 

Таблетите Винпоцетин Ковекс 5 mg се користат за лекување на симптомите на когнитивно  нарушување при цереброваскуларна болест, хронични васкуларни пореметувања на  крвните садови на окото и ретината. Пред започнување на третманот, дегенеративна болест  од неваскуларна природа (Алцхајмерова болест) треба да биде исклучена. 

  1. ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА 

ТАБЛЕТИТЕ ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg 

Не употребувајте ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg 

  • Ако сте преосетливи на активната супстанца, Винка-алкалоиди (винкристин,  винбластин) или било која од другите состојки на овој лек. 
  • Ако сте бремени или доите. 
  • Неодамнешен мозочен излив. 
  • Ако имате кранијална хипертензија. 

Бидете особено внимателни со ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg 

  • Ако имате проблеми со срцето 
  • Ако сте под терапија со снтиаритмици, антихипертензиви или антикоагуланти Ако имате хепатална инсуфициенција 
  • Ако сте преосетливи на Винка алкалоидите 

Употреба на други лекови  

Известете го Вашиот лекар за сите лекови кои ги користите или планирате да ги користите  вклучително и оние кои сте ги купиле без рецепт. 

Не се исклучени интеракции со антихипертензивни, антиаритмични и антикоагулантни  лекови. 

Ако третманот со ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 мг се смета за неопходен кај пациентите кои  ги користат споменатите лекови тогаш треба внимателно да се следат. 

Бременост и доење 

Известете го Вашиот лекар доколку сте бремена или имате намера да забремените. Употребата на таблетите ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg за време на бременост или доење  е контраиндицирана. 

Влијание врз споспбноста за возење или ракување со машини 

Овој лек при одредени дози може да ги промени способностите за реакции, посебно ако се  зема заедно со алкохол. 

Важни информации за некои од помошните супстанции на лекот ВИНПОЦЕТИН  КОВЕКС 5 mg 

Овој лек содржи 66,55 мг лактоза во една таблета при што треба да се внимава кај  пациенти кои имаат проблеми поврзани со апсорпцијата на гликоза или галактоза,  галактоземија или лактозен дефицит. 

 Ако Вашиот лекар Ви кажал дека сте нетолерантни кон некои шекери, поразговарајте со  него пред да започнете со земање на овој лек. 

  1. КАКО СЕ УПОТРЕБУВА ЛЕКОТ ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg 

Секогаш употребувајте го лекот точно онака како што Ви кажал лекарот. Дозите не  смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинете без да се посоветувате со  Вашиот лекар. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со Вашиот лекар или  фармацевт. 

ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg се зема орално со вода. 

Дневна доза е 1-2 таблети од 5 mg три пати дневно максимум 30 дена а после тоа 1 таблета  три пати дневно за подолг период. Се препорачува таблетите да се земаат за време на оброк  без да се џвакаат.

Доколу земете повеке таблети ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg отколку што треба: Ако сте земале поголема доза од пропишаната, консултирајте се со Вашиот лекар. Не  постојат податоци за случаи на труење при предозираност со таблети Винпоцетин Ковекс  5 мг. Но во случај и да се појави побарајте лекарска помош. 

Доколу заборавите да земете таблети ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg:  Доколку пропуштите доза, надоместете ја што е можно поскоро. Сепак доколку е веке  време за следната доза, прескокнете ја пропуштената и држете се до вообичаениот  распоред на дозирање. Не земајте дупла доза за да надоместите за заборавената доза. 

  1. МОЖНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ 

Како и сите други лекови и ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg може да предизвикаат несакани  ефекти, иако тие не се јавуваат кај сите пациенти. 

Помалку чести (се јавува кај 1 од 100 пациенти): главоболка, вртоглавица, епизоди на  благо намалување на крвниот притисок, осип и чешање. 

Ретки (се јавува на 1 од 1 000 пациенти): пореметување со сонот, нервоза, анксиозност,  тахикардија, абдоминална болка и гадење, вознемиреност, вкочанетост или чувство на  трнење. 

Многу ретки (се јавува на 1 од 10 000 пациенти): гастроинтестинални промени како  диспепсија. 

Во колку се појават некои реакции треба да побарате медицинска помош. Овде влегуваат  сите други несакани ефекти кои не се наведени во ова упатство.  

  1. КАКО ДА СЕ ЧУВА ЛЕКОТ ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg  

“Да се чува надвор од вид и дофат на деца”. 

Овој лек не бара посебни температурни услови за чување.  

Чувајте го лекот во оригиналната пакување. 

Лекот не треба да се користи по истекот на рокот, кој е означен на пакувањето. Истекот на  рокот се однесува на последниот ден од месецот. 

Лековите не треба да се фрлаат со отпадоците од домакинството. Прашајте го вашиот  фармацевт како да ги отстраните лековите кои повеке не ви се потребни. Овие мерки  помагаат за заштита на животната средина. 

  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 

НАЧИНА НА ИЗДАВАЊЕ:  

Лекот се издава во аптека на лекарски рецепт (Р)“. 

Датум на последна ревизија на внатрешното упатство:  

Број на одобрение за ставање на лекот во промет

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “ВИНПОЦЕТИН КОВЕКС 5 mg”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.