Фитокардин – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-16.00 Понеделник - Петок

Фитокардин

470.00 ден

Опис

Фитокардин е додаток во исхраната за луѓе со кардиоваскуларни болести како и за профилакса . Содржи оптимална комбинација од три докажани активни состојки : екстракт од листови и цветови на глог , коензим Q10 и магнезиум .

Фитокардин :
• позитивно влијае на состојбата на организмот при срцеви проблеми ;
• ја подобрува работата на срцевиот мускул , ја зголемува силата на срцевите контракции и протокот на кислород ;
• обезбедува енергија на срцето ;
• обезбедува силна антиоксидативна заштита и ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали ;
• помага за намалување на последиците од поминати болести или моментални болки поврзани со срцето.

Фитокардин не е замена за лек кој ви го препишал кардиолог, но е одличен помошник во борбата со кардиоваскуларните проблеми.

Состав (на една капсула):
– 100 mg сув екстракт од глог (Crataegus monogyna extract);
– 10 mg коензим Q10;
– 100 mg магнезиум хидроксид одговара на 41 mg магнезиум (Mg);
– Помошни супстанции.

Дозирање: По една капсула наутро и навечер за време на оброк. Производот е погоден за лица над 12 години.
Пакување: 30 капсули во пакувањето.

СРЦЕВА СЛАБОСТ

Срцевата слабост претставува состојба во која срцето не добива доволен доток на крв . Поради оваа причина тоа не може да ги турка потребните количества крв , со кои ги задоволува потребите на органите и ткивата од кислород и хранливи материи.
Главната причина за оваа болест е стеснување на артериите кои го снабдуваат срцето со кислород.
Најдобриот третман на срцевата слабост е нејзината превенција – здрав начин на живот , физички вежби и диета ( на прво место ограничување на солта ) .
Милиони луѓе во светот страдаат од срцева слабост и оваа бројка се зголемува секоја година .
Срцевата слабост е сериозна состојба , при што не треба да се прибегнува кон самолекување .
Третманот на срцевата слабост се остварува само под контрола на кардиолог. Сепак постојат некои средства , кои , во комбинација со основниот третман, можат да бидат ефективна поддржувачка терапија .
Такви докажани средства се екстрактот од листови и цветови на глог , коензим Q10 и магнезиум .

Глог

Глог се користи при срцеви заболувања од длабока древност. Народната медицина и науката се едногласни – глог е одлично средство за здраво срце:

– Ја подобрува работата на срцевиот мускул;
– Ја зголемува силата на срцевите контракции;
– Се зголемува протокот на кислород;
– Помага на срцето да пумпа повеќе крв;
– Помага во намалувањето на холестеролот во крвта;
– Го намалува создавањето на атеросклеротични плаки;
– Поседува антиоксидантно дејство;
– Го намалува крвниот притисок.

Глог е особено погоден за стари лица со проблеми со срцето . Оваа билка е многу ефикасна и во случаи на срцеви болести или моментални болки кои настапуваат најмногу по физички оптоварувања . Освен што ги зајакнува срцевите контракции, глог го регулира срцевиот ритам и крвниот притисок.
Се препорачува производите со екстракт од глог да се користат подолго време, бидејќи ефектот не е моментален .
Предност на глогот е дека при долготрајната употреба не се развива ефектот на привикнувањето т.е. не мора постојано зголемување на дозите за да се постигне првичната акција на билката .
Глог широко се користи при функционални пореметувања на кардиоваскуларниот и нервниот систем во својство на кардиотонично и седативно средство . Тој го нормализира срцевиот ритам , ја подобрува коронарната циркулација, има позитивно влијание на метаболичките процеси во миокардот : помага во рентабилно користење на кислородот од миокардот и стимулира синтезата на АТФ.

Коензимот Q10

Коензимот Q10 или убихинон е незаменлива супстанца .
– Го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем ;
– Го забавува процесот на стареење на клетките ;
– Делува како катализатор , кој ги забрзува и регулира биохемиските и енергетските процеси ;
– Ги движи и управува со митохондриите , каде се произведува аденозинтрифосфат (АТФ) , кој е извор на енергија за клетките на телото.

Познато е дека концентрацијата на коензим Q10 е висока во клетките на срцевиот мускул поради високата енергетска потреба на овој тип клетки. Во последните години , повеќето истражувања со коензим Q10 се фокусирани на срцевите проблеми.

Земањето на коензим Q10 со тек на времето ја враќа нормална состојба на срцевиот мускул .

Магнезиум

Магнезиумот е рангиран по важност веднаш по кислород, водата и храната. Магнезиумот е одговорен за активирање на над 300 различни биохемиски реакции, кои се од исклучително значење за функционирањето на организмот.
Докажано е дека повисоките нивоа на магнезиум во крвта водат до намалување на ризикот од срцеви болести или моментални болки и ја подобруваат издржливоста при физички оптоварувања.

Магнезиумот дејствува вазодилататорно и помага за намалување на артерискиот крвен притисок.

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “Фитокардин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is registered on wpml.org as a development site.