Опис
ЦинкГлуконат таблетите содржат цинк, кој е суштински минерал кој се наоѓа во речиси секоја клетка и е од витално значење за бројни процеси во телото. Цинкот ја стимулира активноста на неколку ензими и затоа е вклучен во нормалниот раст на клетките и сексуалното созревање, здрав имунитет, варење и одржување на еластични зглобови.
ЦинкГлуконат таблетите лесно се апсорбираат и искористуваат од страна на организмот со што се постигнува оптимален ефект.
Цинкот придонесува за нормална плодност и репродукција, како и за одржување на нормално ниво на тестостерон во крвта. Има улога и во нормалната синтеза на протеини, за здрави нокти, коса, кожа и нормален вид.
Состојки | Во 1 капс |
ЦИНК | 6,6 mg |
Начин на употреба: 1 капсула дневно со чаша вода. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.Многу е важно да се користи разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Да не се пречекорува препорачаната доза!
Коментари
Се уште нема коментари.