Опис
ACNE OUT CLEANSING FOAM
За нормална кожа и кожа склона кон акни и несовршености
Нежна пена за чистење со млечна киселина, наменета за нормална кожа и кожа склона кон проблеми. Ги отстранува нечистотиите и вишокот себум без да ја иритира или исуши кожата. Длабински чисти и ги стеснува порите. Одлична е за отстранување на шминка.
Пената е некомедогена.
Погодна за:
Нормална кожа и кожа склона кон проблеми
Дејство
Нежно ги отстранува нечистотиите и вишокот себум, без да предизвика иритација или сувост
Длабински чисти и ги стеснува порите
Целосно ја отстранува шминката
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанесете ја пената на влажна кожа со нежни движења на масирање – без триење – и темелно исплакнете со млака вода. За оптимални резултати, користете ја наутро и навечер.
СОСТАВ:
AQUA, COCO GLUCOSIDE, ROSA DAMASCENA FLOWER WATER, LAURYL
GLUCOSIDE, GLYCERIN, LACTIC ACID, PHENOXYETHANOL, PARFUM, LIMONENE,
CITRONELLOL, GERANIOL
АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
Млечна киселина – алфа-хидрокси киселина (AHA) која го забрзува процесот на ексфолијација, го попречува растот на бактериите и го стимулира создавањето на нови клетки; делува хидратантно и нежно ја чисти кожата.
Цветна вода од дамаска роза (Rosa Damascena) – органска розова вода која тонизира и хидрира.
Глицерин – ја омекнува и хидрира кожата, ја зголемува нејзината еластичност, ја штити од сушење и ја зајакнува нејзината заштитна функција.
Коко-глукозид / лаурил глукозид – биоразградлив комплекс за чистење.


Коментари
Се уште нема коментари.