Опис
Благодарение на оптимална содржина на глукозамин (Топартроз) производот Топартроз:
• имаат одлична подносливост и недостаток на несакани секундарни ефекти;
Производот Топартроз се апсорбира многу брзо во гастроинтестиналниот тракт поради начинот на прием ( растворлив пијалок) .
Топартроз кесите имаат предности пред конкурецијата на пазарот :
– Имаат едноставна употреба – еднократна дневна доза и пријатен вкус ;
– Се апсорбираат многу брзо од организмот;
– Имаат долготраен ефект ;
– Не содржат шеќер и се погодни за дијабетичари ;
– Имаат најдобра цена .
Производот Топартроз се препорачува и за превенција на спортисти и на луѓе кои вршат тешка физичка работа .
Состав (на едно кесичка Топартроз): глукозамин сулфат – 1500 mg (како калиум сол на глукозамин сулфат 1990 mg), ексципиенси.
Дозирање: 1 кесичка дневно 30 минути пред оброк. Погоден за лица над 12 години.
Пакување: Топартроз – 30 кесички.
АРТРОЗА
Артроза ( или остеоартритис ) е честа болест . Причината за абењето на зглобовите што може да е последица на возраст, тешки физички оптоварувања , прекумерна тежина или имобилизација . Појавата на артроза расте , особено кај постарите луѓе .
Фактори на ризик за развој на артроза, кои не може да ги контролирате:
– Стареењето – со староста ризикот од артроза се зголемува;
– Жените – тие се три пати повеќе погодени од мажите;
– Наследност – ризикот за развој на артроза, ако во семејството има такви случаи е поголем.
Ризични фактори за развој на артроза , кои може да ги контролирате :
– Поголема телесна тежина – тоа е особено неприфатливо при артроза на колената и колковите ;
– Физичките активности – особено оние кои се поврзани со тешки и повторувачки активности .
Артроза и тежина
Ако сте со прекумерна тежина , еден од најефикасните начини за олеснување на болките во коленото или зглобовите е да се лишите од вишокот килограми. Докажано е дека дури скромното губење на тежината помага за олеснување на тензиите на носечките зглобови и ги намалува симптомите на артроза . Намалувањето на тежината не само што ја намалува болката , но исто така може да го намали долгорочното оштетување на зглобовите.
Артроза и вежби
Луѓето со артроза често ја сведуваат физичката активност до минимум поради загриженост дека тоа ќе предизвика болка. Но лесни активности како одење, пливање , или дури велосипедизам можат да ја подобрат мобилноста и да ја зголемат силата на организмот. Вежби со полесни тегови може да помогне за зајакнување на мускулите кои го опкружуваат зглобовите. Консултирајте се за вежбите со вашиот лекар.
ГЛУКОЗАМИН
Глукозамин е главен физиолошки елемент на меките ткива во човековиот организам – рскавица , лигаменти , тетиви , кожа.
Присуството на доволно глукозамин е од исклучително значење за здравите зглобови , бидејќи тие се едно од најслабите места при движењето на човекот. Рскавицата и другите елементи на зглобовите постепено се аби при триење на коските една во друга и се развива остеоартритис .
Глукозамин е своевиден градежен материјал, кој директно или индиректно учествува во формирањето на зглобните површини, коскеното ткиво, тетивите, мускулите, вените, артериите, срцевите залистоци и други.
Дефицитот на глукозамин е една од главните причини за дегенеративните болести на зглобовите, а по 40-годишна возраст неговото производство се намалува.
Глукозаминот ги спречува дегенеративните процеси и го гради зглобното ткиво без да има многу несакани ефекти како нестеродните антиинфламаторни препарати.
Ефектот од земањето на глукозамин се развива постепено (може да се потребни 1-2 месеци), но неговото дејство може да се зачува во текот на 6-12 недели.
Коментари
Се уште нема коментари.