АРТРОН AКТИВ – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-16.00 Понеделник - Петок

АРТРОН AКТИВ

745.00 ден

Опис

ЗГЛОБОВИ, ТКИВА И ‘РСКАВИЦИ

Прочитајте го внимателно целото упатство, бидејки содржи важна информација за Вас. Зачувајте го упатството. Може ке има потреба да го прочитате повторно.

Ако имате потреба од дополнителна информација или совет, прашајте го Вашиот фармацевт.

 

1.Што содржи АРТРОН Актив

2.Каква е намената на АРТРОН Актив  и за што се користи

3.Што преставува АРТРОН Актив

4.Пред да земете  АРТРОН Актив

5.Како да го користите  АРТРОН Актив

6.Како се чува  АРТРОН Актив

 

1.Што содржи АРТРОН Актив

Состав на три таблети (препорачан дневен внес)

Глукозамин сулфат . 2KCl   1 500 mg
Хондроитин сулфат    300 mg
Сератиопептидаза      30 mg
Манган

Manganese gluconate

 

3 mg

Исполнувачи: микрокристална целулоза , скроб, лактоза монохидрат, натриум кроскармелоза  антислепувачки агенти: силициум диоксид, магнезиум стеарат, талк; стабилизатор: желатин ; Глазирачки агенси анјонен метакрилат кополимер, боја- титаниум диоксид, прочистена вода.

2.Каква е намената на АРТРОН Актив  и за што се користи

АРТРОН актив е иновативна комбинација за здрави зглобови, ткива и рскавици

Глукозамин / Glucosamine / влијае на активноста на мускуло-скелетниот систем. Ј

Хондроитин / Chondroitin / е гликозамингликан, кој под форма на протеогликан е една од најважните состојки на сврзното ткиво, тетивите и зглобовите. 

Сератиопептидаза / Serratiopeptidase / e протеолитички ензим со протеинска структура добиен од ентеробактеријата Serratia marcescences. Придонесува за природно обновување на ткивата.

Манган / Mn / е минерал кој учествува во многу ензимски системи во организмот и е важна компонента во исхраната. Манганот придонесува за нормално формирање на сврзното ткиво во зглобовите.. Според Европската Агенција за Безбедност на храната / EFSA – European Food Safety Authority / внесувањето на манган придонесува за:

  • Заштита на ДНК, протеини и липиди од оксидативна штета;
  • Одржување на нормални коски;
  • Нормално одвивање на метаболизмот и производството на енергија;
  • Има придонес кон нормалното формирање на сврзното ткиво.

4.Пред да земете  АРТРОН Актив

Не го користете АРТРОН Актив ако сте чувствителни на активните материи или на некој од помошните состојки. Додаток во исхрана. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза!

5.Како да го користите  АРТРОН Актив

За возрасни и деца над 15 години – по 1 таблета 3 пати на ден пред јадење. Таблетата да се земе цела без да се крши(цртата на таблетата не е наменета за кршење на истата)

6.Како се чува  АРТРОН Актив

На собна температура, на места недостапни за деца.Не користете АРТРОН Актив после истекот на рокот кој е означен врз картонската опаковка или кесичката

Фортекс Нутрацеутикалс

www.fortex.bg

Увозник Киберг Дооел, Велес , ул Лазо Осмаков бр 9

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “АРТРОН AКТИВ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.