Броколин – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-16.00 Понеделник - Петок

Броколин

1,380.00 ден

Категории: , Product ID: 3299

Опис

Што е Брокулин?

Поттикнати од голем број на испитувања за корисноста на брокулата, фирмата Понд од Хрватска го создаде препаратот кој во себе ги содржи СИТЕ состојки на свежата брокула.

Највисока концентрација на гликозинолати-соединенија кои содржат делотворни компоненти како што се Сулфорафан и Индол -3-карбинол се наогаат во цветот на младата брокула и во р’кулците.

Поради содржината на голема количина на вода во својот состав, после берењето,во процесот на венење, делотворните соединенија брзо се трансформираат во неактивни. На пример Сулфорафанот после само 48 ч од берењето, потполно го снемува од составот на брокулата. Овие промени можат до некаде да се забават ако брокулата стои на ладно место, но не можат и да се запрат.

Единствениот начин   процесот на овенување да се запре, а да при тоа да се зачува структурата на сувите материи е брзо отстранување на водата од брокулата но на ниска температура (околу 30 степени)

Фирмата Понд ова го постигнува така што наутро набраната брокула веднаш се носи на понатамошна обработка каде се дели цветниот дел и се става во вакумска сушара и на температура до 30 степени, со брза евапорација и отстранување на испарената вода од системот за многу брзо време. Со оваа постапка сочуван е скоро во целост непроменет состав на свежата брокула а воедно се зголемува површината , а со тоа и активноста на уситнетиот фин гранулат. Потоа гранулатот се капсулира и како таков се пласира на пазарот под името BROCCOLIN . Испитувањата кои се направени на Земјоделскиот и Технолошкиот факултет во Загреб докажаа дека во потполност се сочувани сите активни компоненти како и во свежата брокула.

Broccolin благодарение на својот богат состав во пракса ја докажува својата висока ефикасност во подобрување на здравствената состојба кај сите што го користат.

Витаминот Ц кој се наога во Broccolin е природен антиоксиданс. Помага во заштита на клетките од оксидација. Го одржува здравјето и функцијата на клетките. Одличен извор на антиоксиданси. Природен начин во борбата против слободните радикали. Му помага на телото безбедно да ги неутрализира и исфрли слободните радикали.

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “Броколин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.