ХИТОСАН ПЛУС – Впивач на маснотии – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-18.00 Понеделник - Петок

ХИТОСАН ПЛУС – Впивач на маснотии

540.00 ден

Опис

ХИТОСАН ПЛУС – Впивач на маснотии

Прочитајте го внимателно целото упатство, бидејки содржи важна информација за Вас. Зачувајте го упатството. Може ке има потреба да го прочитате повторно.

 Ако имате потреба од дополнителна информација или совет, прашајте го Вашиот фармацевт.

 

1.Што содржи Хитосан Плус

2.Каква е намената на Хитосан Плус  и за што се користи

3.Што преставува Хитосан Плус

4.Пред да земете  Хитосан Плус

5.Како да го користите  Хитосан Плус

6.Како се чува  Хитосан Плус

 

1.Што содржи Хитосан Плус

 

Состојки  Во 1 капс  Во 6 капс     мпдп*
Хитосан/ Chitosan      200 mg   1 200 mg
L-карнитин /L-carnitine     200 mg   1 200 mg
Хром / Chromium

(Chromium picolinate)

     25 mg      150 mg

Исполнувачи: калциум хидроген карбонат(безводен, гранулиран)антислепувачки агенти: силициум диоксид, магнезиум стеарат, капсула (желирачки агент желатин, боја- титаниум диоксид, железен оксид)

мпдп* – максимална препорачана дневна доза

 

2.Каква е намената на Хитосан Плус  и за што се користи?

Покажува благопријатно влијание на:

  • Нормализирање на тежината
  • Исфрлање на маснотиите од страна на организмот
  • Регулирање на метаболизмот
  • Искористување на гликозата од страна на клеткитe
  • Регулирање на потребата за блага храна

 

Хитосан Плус е иновативна комбинација од хитосан, Л-карнитин и хром

 

Хитосан– е аминополисахарид, добиен од хитинови обвивки на ракови и е извор на природни хранливи влакна. Хитосан е средство кое се врзува со маснотиите во неискористливи соединенија и помага за нивно исфрлање од страна на организмот пред нивното ресорбирање. Хитосан помага за нормализирање на тежината.

При производство на Хитосан Плус се користат висококвалитетни суровини со максимален степен на деацетилизација 90% кое одговара со најдобрите светски аналози.

 

Л-карнитин– овозможува транспорт на масните киселини во митохондриалниот матрикс, каде се одвива процесот на нивното разградување со ослободување на енергија. На тој начин Л карнитинот го помага поцесот на претворање на маснотиите од организмот, во енергија.

Допринесува за енергичност, добра работоспособност    и брзо обновување.

 Покажува  благопријатно влијание во регулирање на метаболизмот.

Ја одржува нормалната срцева активност.

 

Хром– го помага нормалниот метаболизам на хранливи состојки  преку олеснето  дејство на инсулинот во организмот.

Допринесува за одржување на нормални концентрација на шекерот во крвта преку подобра искористивост на гликозата во клетките.

Го помага намалувањето/регулирањето на зголемена желба за благо. Покажува благопријатен ефект за согорување на маснотиите, градба на нормална мускулна маса и обезбедување на енергија.

4.Пред да земете   Хитосан Плус

Не го користете Хитосан Плус ако сте чувствителни на активните материи или на некој од помошните состојки. Додаток во исхрана. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза!

5.Како да го користите   Хитосан Плус

За возрасни и деца над 14 години – по 2 капсули половина час пред јадење , до 6 кaпсули дневно.

6.Како се чува   Хитосан Плус

 На собна температура, на места недостапни за деца.Не користете Хитосан Плус после истекот на рокот кој е означен врз картонската опаковка или кесичката

Фортекс Нутрацеутикалс

www.fortex.bg

Увозник Киберг Дооел, Велес , ул Лазо Осмаков бр 9, 043-223-520

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “ХИТОСАН ПЛУС – Впивач на маснотии”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.