С-  ФЕМ – Женски фертилитет и хормонален баланс – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-18.00 Понеделник - Петок

С-  ФЕМ – Женски фертилитет и хормонален баланс

1,255.00 ден

Опис

Прочитајте го внимателно целото упатство, бидејки содржи важна информација за Вас. Зачувајте го упатството. Може ке има потреба да го прочитате повторно.

Ако имате потреба од дополнителна информација или совет, прашајте го Вашиот фармацевт.

1.Што содржи С-ФЕМ

2.Каква е намената на С-ФЕМ и за што се користи

3.Што преставува С-ФЕМ

4.Пред да земете  С-ФЕМ

5.Како да го користите  С-ФЕМ

6.Како се чува  С-ФЕМ

1.Што содржи С-ФЕМ

 

Состојки  Во 1 кесе
Мио-инозитол  1000  mg
L- карнитин     300 mg
Витамин Е

(DL-a-токоферил ацетат

 

20 mg a -ТЕ

Пантотенска киселина      10  mg
Биотин     300 mg
Фолна киселина     400 mg

Исполнувач манитол,регулатор на киселоста лимонска киселина безводна, засладувач натриум цикламат, антислепувачки агент силициум диоксид, арома лимон

 

2.Каква е намената на С-ФЕМ  и за што се користи

 

  • Го помага процесот на овулацијата и фертилитетот кај жените
  • Допринесува за стимулирање на функцијата на јајниците и квалитетот на јајцеклетката.
  • Го одржува хормоналниот баланс.

 

  1. Што преставува С-ФЕМ

 

Мио-инозитол  го помага по природен начин процесот на овулацијата. Помага за нормален хормонален баланс, кое е важен услов за редовен циклус, нормална овулација и постигнување на саканата бременост. Допринесува за стимулирање на функцијата на јајниците и квалитетот на јајцеклетката.

L- карнитин допринесува за хормонален баланс и го подобрува квалитетот на процесот на овулацијата. Го помага задебелувањето на ендометриумот (највнатрешниот слој на лигавицата на материцата).

Пантотенска киселина допринесува за нормална синтеза и метаболизам на стероидни хормони, витамин Д и некои невротрансмитери. Го помага нормалното одвивање на метаболизмот и производството на енергија.

Биотин допринесува за нормалната функција на нервниот систем, за одржувањето на нормалната психичка функција и за одвивање на метаболизмот и производството на енергија. Допринесува за нормалниот метаболизам на макро хранителните материи и за одржувањето на нормалната состојба на косата, слузокожата и кожата.

Витамин Е е  клучен антиоксидант за репродуктивните функции. Употребата на витамин Е води до значително подобрување на фертилитетот.

Фолна киселина  допринесува за нормалниот раст на ткивата, синтеза на аминoкиселини и метаболизам на хомоцистеин. Учествува во процесот на делење на клетките. Ја зацврстува нормалната психичка функција и имуниот систем. Допринесува за намалување на чувството на замор и слабост.

 

4.Пред да земете  С-ФЕМ

 

Не го користете С-ФЕМ ако сте чувствителни на активните материи или на некој од помошните состојки. Додаток во исхрана со засладувач. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза! Прекумерната употреба може да има лаксативен ефект.

5.Како да го користите    С-ФЕМ

1 кесе дневно, растворено во околу 250 мл вода.

6.Како се чува   С-ФЕМ

На собна температура, на места недостапни за деца.Не користете С-ФЕМ после истекот на рокот кој е означен врз картонската опаковка или кесичката.

 

Фортекс Нутрацеутикалс

www.fortex.bg

Увозник Киберг Дооел, Велес , ул Лазо Осмаков бр 9, 043-223-520

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “С-  ФЕМ – Женски фертилитет и хормонален баланс”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.