С-мен – Сперматогенеза и сексуална функција – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-18.00 Понеделник - Петок

С-мен – Сперматогенеза и сексуална функција

1,740.00 ден

Категорија: Product ID: 3110

Опис

Прочитајте го внимателно целото упатство, бидејки содржи важна информација за Вас. Зачувајте го упатството. Може ке има потреба да го прочитате повторно.

Ако имате потреба од дополнителна информација или совет, прашајте го Вашиот фармацевт.

Во ова упатство:

  1. Што содржи С-мен
  2. Која е намената на С-мен за што се употребува
  3. Што претставува С-мен
  4. Пред да го употребите С-мен
  5. Како да го користите С-мен
  6. Како да го чувате С-мен
  7. Што содржи С-мен
Состојки    Во 1 кесичка    Во 2 кесички
Инозитол           1000 mg          2000 mg
Л карнитин           1000 mg          2000 mg
Л аргинин HCL           100 mg          200 mg
Витамин E

(DL- α- токоферол ацетат)

 

20 mg α-TE

 

40 mg α-TE

Цинк (цинк цитрат)                 5 mg           10 mg
Селен (натриум селенит)              50 µg         100 µg

Исполнувач  манитол, регулатор на киселост лимонска киселина безводна,

засладувач натриум цикламат, антислепувачки агент силициум диоксид,  арома лимон

 

  1. Која е намената на С-мен и за што се употребува

Ја помага нормалната сперматогенеза и сексуалната функција кај мажите.

Придонесува за нормална концентрација на тестостерон во крвта.

Поволно влијае на плодноста и репродукцијата.

 

  1. Што претставува С-мен ? С-мен содржи специјално одбрани состојки, и благодарение на нив придонесува за:
  • созревањето и подвижноста на сперматозоидите
  • зголемувањето на бројот на сперматозоидите
  • зголемувањето на волуменот на спермата и фертилитетот ( плодноста)
  • подобрувањето на функцијата на простатата
  • обезбедување на оптимални нивоа на тестостерон во крвта

 

Л-карнитин и Л-аргинин се аминокиселини, кои имаат важна улога при делењето, созревањето и подвижноста на сперматозоидите.

Л-аргинин го зголемува бројот на сперматозоидите и го подобрува нивниот квалитет.

Л-карнитин помага за добивање на азотен оксид во сперматозоидот, што е важно за неговата одржливост и подвижност.

Инозитол е неопходен за здравјето на простатата и за зреење  на сперматозоидите.

Цинк е важен елемент за функциите на половите жлезди. Придонесува за одржување на нормална концентрација на тестостерон во крвта и нормален фертилитет и репродукција. Цинкот учествува во процесот на делење на клетките. Нормалните нивоа на цинк во организмот се поврзани со нормалното количество сперматозоиди во спермата.

Селен е моќен антиоксидант. Го зголемува бројот на сперматозоидите и ја подобрува плодноста кај мажите Придонесува за нормална сперматогенеза и има поволно влијание врз потенцијата кај мажите.

Витамин Е е клучен антиоксидант за репродуктивните функции. Приемот на витамин Е доведува до значајно подобрување во плодноста.

 

  1. Пред да земате С-мен

Не земајте С-мен, ако сте преосетливи кон активните супстанции или на некоја од останатите помошни материи. Додаток во исхрана со засладувач. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза!

  1. Како да земате С-мен

1-2 кесички дневно, растворени во околу 250 мл вода.

  1. Како да го зачувате С-мен

На собна температура, на места недостапни за деца. Не го користете С-мен по истекот на рокот наведен на пакувањето или кесичката.

производител:

ФОРТЕКС Нутрацеутикалс

www.fortex.bg

Увозник : Киберг Дооел, Ул Лазо Осмаков бр 9, тел 043-223-520, e mail- kiberg@kiberg.mk

 

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “С-мен – Сперматогенеза и сексуална функција”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.