Опис
Максимална грижа за простатата
Додаток во исхрана – 30 капсули
Прочитајте го внимателно целото упатство, бидејки содржи важна информација за Вас. Зачувајте го упатството. Може ке има потреба да го прочитате повторно.
Ако имате потреба од дополнителна информација или совет, прашајте го Вашиот фармацевт.
1.Што содржи ПроСТАМАКС
2.Каква е намената на ПроСТАМАКС и за што се користи
3.Што преставува ПроСТАМАКС
4.Пред да земете ПроСТАМАКС
5.Како да го користите ПроСТАМАКС
6.Како се чува ПроСТАМАКС
- Што содржи ПроСТАМАКС
Состав (во желатинска капсула)
Стандардизирани екстракти | Во 1 капс. | Во 2 капс |
САО ПАЛМЕТО
(Serenoa repens) мин 25% масни киселини |
160 mg |
320 mg |
КОПРИВА
(Urtica dioica) |
120 mg |
240 mg |
ВРБОВКА
(Еpilobium parviflorum) |
120 mg |
240 mg |
СЕЛЕН
(Selenium) |
50 mg |
100 mg |
Микрокристална целулоза, магнезиум стеарат , силициум диоксид .
2.Каква е намената на ПроСТАМАКС и за што се користи
Сао палмето (Serenoa repens) ја помага нормалната функција на простатата.
Селенот придонесува за нормалната сперматогенеза
3.Што преставува ПроСТАМАКС
ПроСТАМАКС е иновативна комбинација за максимална грижа за простата.
САО ПАЛМЕТО(Serenoa repens)
Многубројните клинички испитувања и публикации во реномирани стручни списанија го докажуваат благопријатниот ефект на екстрактот од Сао палмето. Заклучоците се дека е ефикасен и безопасен природен производ, богат со незаситени масни киселини и фитостероли, кои поволно делуваат на нормалното функционирање на простатата.
КОПРИВА (Urtica dioica)
Копривата содржи богат комплекс од корисни активни состојки: флавоноиди (кварцетин, кемферол,рутиносид) калциум, калиум, железо, силикати, стероли. Силен антиоксидант, кој го неутрализира дејството на слободните радикали во организмот. Високата количина на флавоноиди и калиум во копривата ја објаснува диуретичната функција и поволното дејство врз детоксификацијата на организмот.
ВРБОВКА (Еpilobium parviflorum)
Многугодишно тревесто растение со богат хемиски состав-шекери, витамин Ц, алкалоиди, слуз, танини, бои. Растението покажува благопријатен ефект на простатата и мочниот меур. Помага за нормално функционирање на генитално-уринарниот тракт и потребата од чести нокни мокрења.
СЕЛЕН (Selenium)
Придонесува за нормална сперматогенеза и покажува благопријатно влијание врз потенцијата кај мажите.
4.Пред да земете ПроСТАМАКС
За мажи над 18 години. Не користете ПроСТАМАКС ако сте чувствителни кон активните компоненти или кон помошните материи.Додаток во исхрана .Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза!
5.Како да го користите ПроСТАМАКС
Првите 10 дена-по една капсула 2 пати на ден. После 10 -тиот ден – по една капсула еднаш дневно. Време на користење: 4-6 недели.
6.Како се чува ПроСТАМАКС
На собна температура, на места недостапни за деца. Не го користете ПроСТАМАКС по истекот на рокот кој е обележан врз картонската кутија или блистерот.
Произведено од Фортекс Нутрацеутикалс ООД
Софија, ул Прохладен кат, 10
Увозник Киберг Дооел, Велес , ул Лазо Осмаков бр 9
Коментари
Се уште нема коментари.