КЕЛТИКАН ФОРТЕ /KELTICAN FORTE – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-18.00 Понеделник - Петок

КЕЛТИКАН ФОРТЕ /KELTICAN FORTE

635.00 ден

Опис

Храна за посебни медицински намени

Информации за употреба на Келтикан Форте
Со Келтикан Форте Вие избирате производ со докажан квалитет, произведен од фирмата Тормсдорф, Германија. Келтикан Форте содржи ценети хранливи материи, кои го стимулираат правилното функционирање на периферниот нервен систем. На тој начин Клетикан Форте ке допринесе за побрзо вракање на Вашата работоспособност.

Што содржи Келтикан Форте ?

Во 1 капсула се содржи:
Уридинмонофосфат 50 мг
Фолна киселина 400 mg
Витамин Б12 3 mg
Помошни материи: микрокристална целулоза, желатин, боја железен диоксид (Е172), магнезиум стеарат, силициум диоксид.
Келтикан Форте не содржи глутен, лактоза и конзерванси.

Што станува кога нервите се повредени?
Нашето тело е покриено со мрежа од нерви: тоа се нарекува периферен нервен систем. Ако тие нерви се повредат пр. при притисок, удари или поради долгогодишни нарушувања на размената на материите, како дијабет, може да се појават непријатни чувства.
Организмот може да ги „опорави“ повредените нерви преку своите внатрешни „ремонтни работилници“. За тие процеси на обновување е потребно исклучително многу време. Во тие случаи од голема корист е да се внесат во организмот определени материи кои влегуваат во составот на периферните нервни клетки и ја зголемуваат нивната спроводливост.

Како може да помогне Келтикан Форте?

Келтикан Форте содржи хранливи материи уридинмонофосфат, витамин Б12 и фолна киселина кои ги помагаат процесите на саморегенерирање на организмот.

Уридинмонофосфат (УМФ) е најважното мегусоединение во биосинтезата на пиримидонските нуклеотиди, кои во форма на трифосфати (УТФ и ЦТФ) се коензими во редица процеси кои водат до синтеза на фосфатидилхолин, свингомиелин и други липиди, како и гликопротеини. Овие соединенија се основните структурни елементи на клеточната мембрана и поради тоа се од големо значење за правилно функционирање на нервниот систем. Поради тоа што има недостаток на соодветни ензими, нервните клетки се единствените во организмот кои не можат сами да синтетизираат соединенија кои содржат пиримидонски прстен, дополнителниот внес на уридинмонофосфат (УМФ) води до зголемено присуство на важните метаболно-активни уридин и цитидин фосфати.

Тоа е од основно значење во рамките на процесот на обновување на периферните нервни клетки. Како целина, насоченото стимулирање на невронскиот метаболизам врз пиримидонските нуклеотиди ја зголемува брзината на спроводливост на нервите, ги подржува и забрзува физиолошките механизми за регенерација на периферниот нервен систем.

Витамин Б12 е важен за клеточна делба, создавање на крвта, епителизација и регенерација. Витамин Б12 учествува во синтезата на пуринските и пиримидонските бази, нуклеинските киселини и протеини. Учествува и во синтеза на миелин и ДНК и е од суштинско значење за функционирање на нервниот систем.
Фолната киселина во организмот е прекурсор ( трансформирањето настанува само во присуство на витамин Б12) на тетрахидрофолна киселина, која е коензим при голем број на реакции, особено во метаболизмот на протеини, нуклеински киселини и аминокиселини. Исто така фолната киселина игра голема улога при биосинтеза на фосфолипиди, невротрансмитери и хемоглобин.

Како треба да се користи Келтикан Форте?
Препорачана дневна доза е една капсула дневно помегу оброци со малку течност.
Продолжената употреба зависи од Вашите потреби. Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Келтикан форте се поднесува добро и при продолжена употреба.
Келтикан форте содржи животински желатин (свински/говедски) кои влегува во состав на обвивката на капсулата. Капсулите може да се отворат, и минитаблетите кои се наогаат во неа може да се испијат без самата капсула.
Келтикан форте е погоден и за дијабетичари.

Што уште треба да знаете за Келтикан форте?
Келтикан форте се наога само по аптеки во опаковки од 20 и 40 капсули.
Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.
Да се чува на место недостапно за мали деца.

Произведител : Trommsdorff GmbH&Co.KG, Aldorf, Германија
Увозник: Киберг Дооел, ул Лазо Осмаков бр 9, Велес, 043-223-520, e mail : kiberg@kiberg.mk

 

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “КЕЛТИКАН ФОРТЕ /KELTICAN FORTE”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.