ВИТАМИКС МАГНЕЗИУМ И Б-КОМПЛЕКС – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-18.00 Понеделник - Петок

ВИТАМИКС МАГНЕЗИУМ И Б-КОМПЛЕКС

230.00 ден

Опис

ПРИРОДЕН МОРСКИ МАГНЕЗИУМ, ВИТАМИНИ Б1,Б2,Б6,Б12
30 капсули

Намена : Допринесува за нормално одвивање на метаболизмот и производството на енергија, за електролитен баланс и за намалување на чувството на умор. Допринесува за нормалното функционирање на крвните садови , нервниот систем и на мускулите

Состојки Во 1 капсула % ПДД *
во 1 капс
Магнезиум
(природен морски магнезиум 55%)
200 mg
53
Витамин Б1( тиамин хидрохлорид) 1 mg 91
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 1 mg 71
Витамин Б2 (рибофлавин) 1 mg 71
Витамин Б12 (цианокобаламин) 2,5 mg 100
Помошни материи: силифицирана микрокристална целулоза,капсула (желирачки агент желатин, боја титаниум диоксид и железен оксид)
ПДД*- препорачана дневна доза

Магнезиум
Магнезиумот допринесува за намалување на чувството на замор. Допринесува за електролитен баланс, нормално одвивање на метаболизмот и производство на енергија. Го помага нормалното функционирање на нервниот систем, ја подобрува функцијата на мускулите и правилната синтеза на белковини. Магнезиумот допринесува за одржување на нормалната психичка функција, на нормалната состојба на коските и забите, учествува во процесот на делба на клетките.

Витамин Б1( тиамин хидрохлорид)
Тиаминот (витамин Б1) допринесува за нормална срцева функција.

Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид)
Витамин Б6 допринесува за нормална синтеза на цистеин, го помага нормалниот метаболизам на хомоцистеин и нормално протекување на метаболизмот на протеини и гликоген. Допринесува за регулирање на хормоналната активност .

Витамин Б2 (рибофлавин)
Рибофлавинот допринесува за нормално одвивање на метаболизмот и производството на енергија, за нормално функционирање на нервниот систем, за намалување на чувството на замор.

Витамин Б12 (цијанокобаламин)
Витамин Б 12 допринесува за нормално формирање на црвените крвни зрнца, нормалната функција на имуниот систем, намалувањето на чувството на замор. Витаминот Б12 учествува во процесот на делење на клетките.

Начин на употреба: по 1 капсула дневно , после јадење со поголема количина вода.
Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза!
Чување: на собна температура, на места недостапни за деца.

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “ВИТАМИКС МАГНЕЗИУМ И Б-КОМПЛЕКС”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.