Агнес – Киберг
Close
Лазо Осмаков број 9
Работно време: 8.00-16.00 Понеделник - Петок

Агнес

550.00 ден

Опис

Агнес сe препорачува на жени за олеснување на состојбите поврзани со предменструалните синдром ( ПМС) и кај некои нарушувања на менструалниот циклус .

Агнес не содржи хормони , туку стандардизиран екстракт од билката Витекс ( Vitex Agnus castus ) . Придобивките од екстрактот произлегуваат од неговото влијание врз хипофизата кај производството на лутеинизирачкиот хормон . Ова влијае врз производството на прогестерон и нормализирањето на менструалниот циклус .

Бројни клинички студии кај жени кои земаат екстракт од Витекс имаат воспоставено значителни подобрувања на неразположенијата поврзани со ПМС:

– Раздразливост, честа промена на расположението, емоционални напади;
– Зголемена чувствителност во градите;
– Замор и проблеми со спиењето, главоболка;
– Промена во апетитот,непријатност во желудникот , стомачни болести или моментални болки.

Состав: (на една таблета): 5 mg стандардизиран екстракт од Витекс / Agnus castus extract /; ексципиенси.
Дозирање: 1 таблета наутро пред јадење. За лица над 12 години.
Пакување: 60 филм-обложени таблети во пакување. Еден пакет е доволен за двомесечна терапија.

Предменструалните синдром ( ПМС) се состои од група симптоми поврзани со месечниот менструален циклус. Симптомите се појавуваат 1-2 недели пред почетокот на менструацијата и престануваат по почетокот на крварењето. Можна причина за ПМС е поголемиот чувствителност на некои жени на промените во нивоата на хормоните пред и за време на менструацијата .

Најчестите физички симптоми на ПМС се:

– Напнатост , зголемена осетливост и болки во градите ;
– Стомачен дискомфорт , запек или дијареа ;
– Главоболка ;
– Промена во апетитот ;
– Болки во мускулите и зглобовите ;
– Задржување на течности ;
– Надуеност или стомачни болки ;
– Проблеми со кожата.

Емоционалните симптоми на ПМС може да вклучуваат:

– Неоправдани промени во расположението ;
– Вознемиреност , депресија ;
– Напнатост , раздразливост ;
– Замор , проблеми со спиењето ;
– Проблеми со концентрацијата и меморијата ;

Здравиот начин на живот може да се справи со симптомите на ПМС , кога тој не е тешко изразен :

– Здрава исхрана – избегнување на големи количини сол , слатка храна , кофеин и алкохол , претежно 1-2 недели пред почетокот на циклусот ;
– Редовно вежбање , доволно спиење ;
– Совладајте го стресот , намалете ги цигарите ;
– Употреба на доволно витамини и минерали ;
– Употреба на додатоци во исхрана, за кои е утврдено дека влијаат благотворно врз симптомите на ПМС – ” Агнес ” со екстракт од Витекс ( Agnus castus ) .

Коментари

Се уште нема коментари.

Бидете прв кој што ќе даде оценка “Агнес”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.